ДОНИРАЈТЕ: Во недела се затвора телефонската линија 143- 400 за помош на поплавените

За девет дена преку отворената телефонска линија 143-400 и во Фондот на солидарност на Црвениот крст на Македонија се собрани над 648 илјади евра. Телефонски преку мобилните оператори се собрани 210 илјади евра, а на жиро сметката за донации, заклучно до 15 часот вчера биле собрани 438 илјади евра.

-Телефонската линијата за донации ќе биде отворена 15 дена, односно до 21 август. Продолжувањето на акцијата ќе зависи од заинтересираноста на граѓаните и на правните субјекти за донации. Потоа ќе направиме пресек и на јавноста ќе и презентираме сè. Парите што ќе бидат собрани ќе им се поделат на трансакциска сметка на настраданите откако ќе се направи проценка на штетата- велат од Црвениот крст.

На сметката за донации до пред два дена донирале над 70 компании.