Донирани 50 тони вода за поплавените подрачја

Поради драматичната состојба во загрозените подрачја во источна Македонија, каде изминативе денови има големо невреме и поплави и имајќи предвид дека во вакви ситуации свежата вода за пиење е еден од најголемите недостатоци, „Пелистерка“ ја зголеми пратката помош за овој регион на 50 тони вода односно 35 000 шишиња.

„Пелистерка има целосно разбирање за состојбата во кризниот регион и поради тоа решивме пратката помош да ја зголемиме на 50 тони вода. Водата повторно, е дистрибуирана до Центрите на „Црвен крст“ во Скопје, Штип, Кочани и Битола и е на пат до оние на кои им е најпотребна. Се надеваме дека нашата донација ќе биде од помош на загрозените семејства во регионот и дека ќе им ја олесни состојбата во овие тешки мигови“, велат од компанијата.