Донирани играчки на градинка во Автокоманда

По повод Детската недела која се одржува под мотото „Детски права за наше детство“, Сојузот за грижи и воспитување на децата на Македонија денеска донираше играчки за децата од детската градинка „Детска радост“ во населбата Автокоманда во Скопје.

– Инвестицијата која денес ќе ја направиме во нашите деца е иднината која ќе ја имаме утре. Децата се јадро во општеството и наша одговорност е да покажеме грижа за нив за да им овозможиме безгрижно детство и здрава средина за растење. Денес сме тука меѓу најмалите и најмилите да им покажеме дека се нашето најголемо богатство и на симболичен начин да им ја честитаме детската недела, изјави Десанка Николова, координатор на Детска недела.

Во акцијата на Сојузот за грижи и воспитување на децата на Р.Македонија се приклучија и ракометарот Немања Прибак и пејачот Александар Белов, а нивното присуство беше вистинско уживање за децата во градинката.

Активностуите по повод Детската недела продолжуваат и во следните неколку денови.