среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 25

Донирани нови 24 возила за граничната полиција

Граничната полиција денеска доби донација од 24 нови возила од Меѓународната организација за миграција (ИОМ) со што ќе бидат зајакнати нејзините капацитети во справувањето на бегалско-мигрантската криза. Вкупната вредност на донацијата е околу 700 илјади евра.

granicna-policija

Последни вести

Граничната полиција денеска доби донација од 24 нови возила од Меѓународната организација за миграција (ИОМ) со што ќе бидат зајакнати нејзините капацитети во справувањето на бегалско-мигрантската криза. Вкупната вредност на донацијата е околу 700 илјади евра.

Министерот за внатрешни работи Митко Чавков, кој заедно со заменик министерот Агим Нухиу и директорот на Бирото за јавна безбедност Горанче Савовски, присуствуваа на предавањето на донацијата, нагласи дека ќе се продолжи со зајакнување на персоналните и материјално-техничките капацитети, како и со соработката со меѓународните организации и невладиниот сектор.

Од денот на затворањето на Балканската рута, ние не бевме во заблуда дека ќе завршат проблмите со бегалската криза или со отворањето на нови рути. Нашите проценки беа дека ќе се активираат организирани криминални мрежи од Македонија и меѓународно. Сведоци сме на таква интензивна активност, но успеваме на висок професионален начин да ги превенираме преку откривање и враќање на мигрнатите кои илегално влегуваат во Република Македонија, изјави Чавков, заблагодарувајќи се на поддршката од ЕУ, на земјите од Вишеградската група, ИОМ и НВО.

Тој најави дека се очекуваат нови материјално-технички средства донации од ЕУ и од Чешка за Граничната полиција, со што ќе има севкупно околу 100 возила за различни намени.

Според Соња Божиновска, раководител на канцеларијата на ИОМ за Република Македонија, овие возила значително ќе придонесат за зајакнување на капацитетите на Граничната полиција во справувањето со комплексната миграциска состојба.

Преку оваа програмска активност ИОМ поддржа и други активности како што е донација на опрема за поддршка на капацитетите за регистрација на мигрантите. Обезбедена е поддршка во опремување на транзитните прифатни центри со услови за привремено сместување на мигрантите, донирана е и опрема за медицинскиот сектор, а реновирани се болниците во Гевгелија и во Куманово, изјави Божиновска. Додаде дека се спроведени и обуки за припадниците на Граничната полиција и за други релевантни субјекти кои се вклучени во идентификацијата и асистенција на мигрантите.

Најчитани вести