Донирани триесет машини за пишување на Брајово писмо

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов додели 30 машини за пишување на Брајово писмо за децата од Дневниот центар за деца со оштетен вид и Државното училиште за рехабилитација за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“.

– Денеска имавме можност на децата со оштетен вид да им донираме Брајови машини за пишување. Овие машини ќе бидат ставени во функција за нивните потреби, односно сите оние дечиња кои што престојуваат во Дневниот центар за деца со оштетен вид и кои што учат во училиштето за деца со оштетен вид, а немаат Брајови машини за пишување во сопствените домови, ќе им бидат донирани истите со цел да можат да ја совладаат техниката на пишување на Брајово писмо и во домашни услови, а секако останатиот дел од машините кои што денес ги донираме ќе бидат ставени во функција и на располагање на овој Дневен центар за деца со оштетен вид и Училиштето за деца со оштетен вид, рече Спасов.

masini

Спасов нагласи дека за реализација на оваа донација Министерството издвоило износ од 1.200.000 денари, како и дека понатаму ќе продолжи со реализација на проекти со кои ќе им се помага во подобрување на животот на децата со оштетен вид.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.