Доњецк и Луганск бараат промена на украинскиот Устав

Самопрогласените Доњецка и Луганска народна република (ДНР и ЛНР) им предложиле на украинските власти различни измени на Уставот на Украина, изјави претставникот на ДНР на преговорите во Минск, Денис Пушилин, јави ТАСС.

Пушилин истакна дека бидејќи реформата на украинскиот Устав треба да се направи во 2015, ДНР и ЛНР уште отсега предлагаат на следната средба на Контакт групата, да почне дијалог за неопходните измени во Уставот.

Тој објави и список со измени, во кои првата точка гласи: „да се делегира на одделни реони право самостојно да ја определуваат и формираат структурата на регионалната власт и локалната самоуправа“.