Доњецк изгласа: Збогум Украино!

Проруските сили во регионот на Доњецк прогласија победа на референдумот во неделата, бидејќи 89 проценти од избирачите гласаа за независност, а 10 против. Денеска би требало да бидат објавени и конечните резултати.

,,Овие резултати може да се сметаат за конечни“, истакнал Роман Љагин, шеф на изборната комисија во Доњецк, по затварањето на гласачките места.

Тој воедно посочил дека било исклучително лесно да се пребројат гласовите бидејќи бројот на луѓето кои гласале против бил искучително мал.

Непосредно пред затварањето на избирачките места еден од лидерите на проруските сили во регионот на Доњецк изјавил дека ќе бидат формирани сопствени државни органи и војска после референдумот, со што тој регион и формално ќе се одвои од Украина.

Друг лидер истакнал дека гласањето едноставно покажува дека истокот од Украина сака сам да ја одреди својата судбина, било да е тоа Украина или да е сама за себе или да е дел од Русија.

Референдумот во областа Доњецк и Луганска беше пропратен со изолирани случаи на насилство во некои места.

Проруските активисти во регионите на Доњецк и Луганска истакнуваат дека на референдумот излегле повеќе од 70 отсто од гласачите.

Во овие две области, инаку, живеат седум од вкупно 45 милиони жители на Украина. Со оглед на тоа што на овој референдум немаше неутрални набљудувачи, изборните листи биле некомплетни и немало никаква меѓународна поддршка.

Шведскиот министер за надворешни работи, Карл Билт напиша на твитер дека податоците од лажниот референдум во Источна Украина се веројатно лажни.

,,Нема начин да се знае дури ни колкава беше излезноста“, истакнал Билт.

Проруските лидери на истокот од Украина, меѓутоа тврдат дека резултатите од референдумот јасно зборуваат во прилог  на тоа дека овие два региона се претвораата во суверени републики.

,,Излезноста беше подобра отколку што очекувавме. Благодарение на овој референдум ќе можеме да одлучиме за сопствената иднина“ кажа шефот на самопрогласената Народна Репубика Доњецк,  Денис Пушлин, додавајќи дека оние кои ја окупираа нашата земја мораат да се натераат да си одат.

Вичеслав Пономарјов, проруски градоначалник на Славјанск, напоменува дека неговите истомисленици можат да организираат други гласања, вклучувајќи и гласање за тоа да ли сакаат да бидат дел од Русија. Пономорјов истакнува дека уште сега би можел да ги каже резултатите од еден таков референдум.

Во Киев референдумот на истокот од земјата го нарекуваат ,,криминална фарса“, која нема значење  од аспект на законот и уставот и којшто го ,,инспирира “, организира и финансира Кремљ.

Поради опасност од ескалација на геополитичките тензии внатре и вон Украина, залихите на нафта би можеле да бидата нарушени.