Доњецк опколен, цивилите не можат да излезат

Проруските бунтовници во Доњецк на истокот на Украина тврдат дека украинските трупи не ги пуштаат цивилите да го напуштат градот и дека пукаат на секое возило кое се обидува да го напушти градот, jави утринава руската телевизија „Раша тудеј“.

Според извештајот на овој медиум, на периферијата на Славјанск која е опколена со украинска војка во текот на вечерта се слушале рафални истрели и најмалку две експлозии.

Според истиот извор, на контролните пунктови на владините трупи околу градот, забележано е движење на „луѓе во црни униформи“.