ФОТО: Дрвото што ви се допаѓа говори каква личност сте

Погледнете ја сликата и без долго да размислувате изберете го дрвото што вам ви е најпривлечно. Дрвото што сте го избрале ќе ви го даде одговорот каква личност сте вие.

Слика-Дрво 1

Ова дрво најчесто го избираат оние што во моментот не се задоволни од сопствениот живот и сакаат да го променат на пободобро. „Некаде таму постои среќа, но мене таму ме нема. Значи морам да бидам таму.“ Ова е нивното животно мото. Основните особености на луѓето што го избираат ова дрво се – храброст, љубопитност и интерес за се што е ново. Тие се жедни за промени. Ги впиваат со цело срце новите знења и искуства. Луѓето ретко остануваат во оваа фаза. Обично по изборот на новиот пат, тие бираат друго дрво.

Слика – Дрво 2

Трпеливи и упорни. Тие никогаш нема да одмавнат со рацете на почетокот на патот. Ќе чекорат кон зацртаната цел, чекор по чекор. Нема да тргнат по погрешен пат. Во сопствената сфера, тие се вистински професионалци. Притоа во својата методичност, може да наликуваат на вистинска машина. Кај зборот „импровизација“ ќе го видите нивниот скептичен израз на лицето. Овие луѓе се сигурни дека животот е добар, кога се оди по план. Тие се следбеници на стабилноста, верни се на еден исбран редослед на нештата. Се прават според логиката и не прифаќаат лесно иненадувања и иновации. Не им се допаѓаат било какви промени, посебно не оние што ги нарушуваат нивните логички конструкции.

Слика – Дрво 3

Ова се личности што се керативни и оригинални. Не чекорат по истите патишта, не обрнуваат внимание на веќе постоечките шаблони. Инспиративни се, сакаат да работат по свое, пронаоѓајќи нови потези во оваа или онаа област. Обично се харизматични и шармантни. Оригинални се во облекувањето. Лесно е да ги извадите од такт, а расположението го менуваат многу често. Тоа се големи оратори, подготвени да ги споделат своите идеи со сите што го сакаат. Но, и со оние што тоа не го сакаат…

Слика – Дрво 4

И зиме и лете се исти. Независно од временските услови, овие луѓе секогаш го дочекуваат денот во „жолтата маичка на лидерите“. Тоа се неуморни двигатели на идеите и акциите. Амбициозни се и прагматични. Способни се да го убедат раководоството дека се незаменливи. Знаат што сакаат и како ќе го постигнат тоа. Како правило, тие веруваат дека во светот постојат само две точки на перцепција: онаа што не е правилна и нивната субјективна. Тоа се јаки личности, искрени пријатели и опасни противници. Очигледно е дека во нивната крв уште во детството циркулира духот на ривалството.

Слика – Дрво 5

Овие луѓе имаат посебна способност за емпатија. Длабоко се сочувствителни. Лесно се ставаат во позиција на другата личност, се соживуваат со емоциите на другите луѓе и заедно со нив ги делат радостите и неволјите. Тие се добри и емотивни, може да го чувствуваат овој свет како никој друг. За среќа не им е доволно само сопственото добро. Хармонијата во животот на овие луѓе настанува тогап, кога се среќни сите околу нив. Не сакаат конфликти, одлично ги решаваат недоразбирањата. Во 99 отсто од случаите тие се првите што ќе направат отстапки.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.