Допинг контролата покажа: Ракометарите на Металург и Вардар се чисти

По спороведената out-of-competition допинг контрола извршена од страна на Националната анти-допинг комисија при Агенцијата за млади и спорт врз 15 ракометари на Металург и Вардар (мажи и жени) по случаен избор во текот на минатиот месец, примероците беа испратени на анализа во референтната лабораторија на WADA во Виена.

Агенцијата за млади и спорт, утрово ги доби резултатите при што истите покажаа дека ниту еден од 15-те ракометари не користел забранета супстанца од Листата на забранети супстанции и методи на WADA. Подложени на допинг контрола беа следниве ракометари:

РК Вардар

Чипурин Михаил

Даскалоски Златко

Карачиќ Игор

Раствортцев Алексеј

РК Металург

Кеџо Никола

Мандиќ Игор

Мијатовиќ Раде

Мојсоски Златко

ЖРК Вардар

Црвенкоска Билјана

Костјукова Екатерина

Саидова Нигина

Суслина Ина

ЖРК Металург

Митрова Драгица

Младеновска Наташа

Саздовска Јована

Агенцијата за млади и спорт преку соодветната Комисија во наредниот период ќе продолжи со спроведувањето допинг контроли во Република Македонија, но и со спроведување на Проектот, односно кампања за подигнување на свеста за опасноста од користењето допинг средства и методи за кој УНЕСКО додели грант во износ од 20.000 УСД.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.