Дописничка на руска новинска агенција тврди дека била врбувана од службите на Украина

Украинската разузнавачка агенција Служба за безбедност на Украина (СБУ) се обидела да ја врбува дописничката на руската новинска агенција РИА, Ирина Високович, која допатувала во украинскиот град Херсон за да го следи судскиот процес против директорот на порталот РИА Новости Украина, објави агенцијата во саботата.

Како што раскажала Високович, непознати за неа лица во петокот на 1-ви јуни на влезот од судницата откако една од жените којашто таа не ја познавала започнала да ја обвинува за нејзината работа за Првиот балтички телевизиски канал, чиешто емитување како и на многу други медиуми, властите во Киев го забранија.

„Во почетокот ме изнесоа на улица и под изговор дека сакаат да ме спасат од разгневените украински патриоти, ме ставија во автомобил, претставувајќи се како соработници на СБУ и ми кажаа дека се упатуваме во одделот на службата. Потоа ме однесоа во некаква административна зграда зад висок ѕид, со безбедносни врати, и ме донесоа до некаков кабинет на третиот кат“, вели Ирина Високович којашто има украинско државјанство и постојан престој во Литванија.

Од трите лице кои разговарале со новинарката, никој не се претставил целосно. Само еден од нив предложил да ми се обраќа са Алексеј.

„Имаше многу прашања за мојата работа за Првиот балтички канал, со кој јас одамна соработувам. На прашањето за кој известувам од судскиот процес против Вишински, ја искрено одговорив дека соработувам со РИА Новости. Пота еден од мажите рече дека тие се подготвени да ме пуштат но оти нивните надредени ‘бараат крв’ и ‘разгорување на ситуацијата’, така што треба да потпише некои документи“, тврди новинарката.

Тврди, исто така, дека врз неа бил вршен притисок, но оти тој не бил изразен, а нејзините соговорници зборувале мирно и тивко дека може да остане таму, но доколку искрено им кажам за она што ги интересирало може да ја испратат дома. Но Високович не знаела што ги интересира, била многу исплашена и не можела да разбере што треба да каже… бидејќи нејзините извештаи за Балтичкиот канал во најголем дел се однесувале на социјалниот живот, културата, а во Херсон допатувала за известување од судскиот процес, за што им кажала.

По неколку часови ваков разговор, која не била регистрирана со протокол, на новинарката ѝ понудиле да потпише документ за подготвеност за соработката со СБУ и да информира за соработниците на новинската агенција РИА,.

„Ми кажаа дека псевдонимот ќе ми биде ‘Мила’, ќе ме пуштат, а потоа ќе ме контактираат, инаку во спротивно ќе останам таму долго време. Пред да ме отпуштат, ми понудија да изјавам пред камера дека немам поплаки на СБУ“, раскажала новинарката.

Високович била ослободена, по што таа се вратила во Литванија, но поради задржувањето во разузнавачката агенција не можела навремено да одговори на редакциската задача и да известува за процесот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.