Дополнетиот закон за судски совет пред пратениците

Собранието на Република Македонија денеска ќе го одржи првото продолжение на 41- вата седница.

На дневен ред на седницата се предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, за изменување на Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост, и за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување во прво читање.

Пратениците ќе ги разгледаат и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет на Република Македонија, Предлог-законот за јавнообвинителска служба и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Македонија, сите во прво читање.