недела, 20 август 2017  |  Вести денес: 8

Дополнителни 50 вакуум пумпи за собирање вода во скопско

chento-poplavi-640x357

Поврзани вести

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска по посетата на најпогоденитр скопски реони истакна дека вечерва ќе има дополнителни 50 вакуум пумпи за собирање на водата во поплавените скопски подрачја.

Пумпите се за Сингелиќ, Стајковци, Инџиково и Економија, а веројатно се веќе и распределени.

Во директен разговор со Груевски, директорот на Дирекцијата Шабан Салиу информира дека од утре ќе има поголем број дневни спасувачи. Рано изутрина ќе бидат мобилизирани околу 150. Помошта од Бугарија е веќе на граница, а од Србија утре ќе пристигнат и екипи со пумпи.

– Најмалку 150 спасувачи да бидат ангажирани и веднаш да им се даде прецизна команда, инструкција, каде и што да прават. Тоа нека се договори вечерва на владината седница. Да работат на куќите за расчистување на покривите, на собирање вода, на расчистување градежен шут, кал и камења, сугерира Груевски, уште еднаш напоменувајќи дека секој ангажиран за помош треба да има точно дефинирана задача и точно време во кое треба да ја заврши.

Министерот за транспорт, пак, нагласи дека ангажирана ќе биде и дополнителна механизација од приватните фирми.

Најчитани вести