недела, 23 јули 2017  |  Вести денес: 1

Дополнителни 6.000 денари по хектар за производителите на пченица

Ова е втора државна мерка за дополнителна помош за производителите на пченица откако минатиот месец беше донесена одлуката за субвенционирање на 80 отсто од цената за складирање во силоси.

pcenica1

Поврзани вести

Владата на Република Македонија ја донесе Уредбата која предвидува 6.000 денари дополнителна субвенција за хектар пченица.

Како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), Уредбата се предложи заради потребата од зголемување на финансиската поддршка за производителите на пченица, првенствено заради ниската откупна цена, намалениот интерес за откуп и зголемениот увоз на пченица и брашно од Србија.

– Потсетуваме, ова е втора државна мерка за дополнителна помош за производителите на пченица откако минатиот месец беше донесена одлуката за субвенционирање на 80 отсто од цената за складирање во силоси. Со таа мерка, на сите земјоделци кои ќе поднесат барање до Платежната Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, државата месечно ќе им покрие по 48 денари (од 60 денари) за еден тон земјоделски производ складиран во силоси. Субвенционирањето на складирање е најмалку два месеца, а најмногу половина година, наведува МЗШВ.

Земјоделските производи од оваа Уредба треба да се складирани во складиштар кој е впишан во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи согласно Законот за земјоделство и рурален развој и е давател на комерцијална услуга за складирање.

Корисници на финансиската поддршка за складирање се земјоделски стопанства евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства, кои претходно имаат поднесено барање за директни плаќања по обработлива површина согласно годишната Програма за финансиска поддршка во земјоделството и имаат склучено договор за складирање на земјоделски производи кои тие ги произвеле, како и платено 20 отсто од трошоците за складирање на земјоделските производи.

Корисниците на финансиска поддршка за складирање пченица од домашно производство на која се однесува интервенциската мерка од Законот за земјоделство и рурален развој, треба да има складирано најмногу до 3.500 тони пченица за остварени приноси најмногу до четири тони по хектар од пријавените земјишни капацитети од барањето за директни плаќања

Најчитани вести