Дополнителни субвенции за градинарите и овоштарите

До 30 ноември треба да се поднесат барањата за субвенции за предаденотo овошје и зеленчук во преработувачката индустрија. Висината на финансиската подршка е од 1,5 до 2,5 денари за килограм.

Градинарите и овоштарите имаат право и на дополнителни субвенции. Корисници се земјоделците со засадени површини со градинарски култури и производство продадено во преработувачки капацитети за зеленчук директно или преку откупувач од декември 2013-та до ноември 2014-та година.

Директните плаќања се од 1,5денари, а за пиперките и корнишоните 2,5 денари за килограм.

За овошјето предадено во преработувачки капацитети земјоделските стотанства, треба да имаат овошни насади, а субвенцијата е 2 денари за килограм.

Земјоделците треба да ги имаат платено и сите давачки кон Министерството, односно закупнина за државно земјоделско земјиште, пашарина и водарина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.