Дополнителни субвенции за пченица

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најавува дополнителна субвенција за пченицата. За висината на поддршката и деталите ќе информира ресрниот министер Михаил Цветков на денешната прес-конференција.

До 31 јули годинава се ожнеани околу 82.210 хектари пченица или 87 отсто од површините. Остварениот просечен принос достигнува до 3,5 тони на хектар и доколку се задржи на ова ниво, се очекува производство од 330.000 тони, што претставува зголемување за околу 20 отсто или 53.000 тони во споредба со минатата година.

До почетокот на август, според ресорното министерство, се откупени околу 75.000 тони или 66 проценти од вкупните лански количини, што е зголемување за околу шест отсто во споредба со истиот период минатата година, кога биле откупени 70.000 тони.

Просечна откупна цена на меркантилната пченица од реколтата 2014 за јули изнесува 10,74 денари за килограм.