Македонија

Дополнителни забрани за движење на товарни возила

Дополнителни забрани за движење на товарни возила

Поради интензивни врнежи од снег на патните правци крак Маврово – Дебар, како и Дебар – Струга има забрана за движење на тешки товарни возила и автобуси. За лесните моторни возила е задолжителна употреба на зимска опрема.
На патниот правец Тетово – Јажинце е задолжителна употреба на зимска опрема за сите видови на возила.
На патниот правец Вратница – Јажинце, поради силен ветар, не се препорачува движење на тешки товарни возила.

Забраната за движење на тешки товарни возила и автобуси на патниот правец Тетово – Попова Шапка е сеуште во тек.