Дорис Пак: Нема договор за трет ентитет во БиХ

Известувачот на Европскиот парламент за Босна и Херцеговина, Дорис Пак, изјавила дека не се согласува со предлогот на хрватската министерка за надворешни и европски работи, Весна Пусиќ, за новиот пристап на Европската унија за Босна и Херцеговина, со кој што би требало да се забрза преговарачкиот процес на таа земја и Брисел.

Пак смета дека не треба да има нови, ниту поинакви услови за Босна и Херцеговина, освен оние кои важат за другите држави, како и дека „нема договор за трет ентитет“.

„Секоја земја има свои потешкотии и дека тие во БиХ се поинакви од оние во Србија. Србија имаше проблеми со Косово, доека БиХ има ситуација која се темели на Дејтон“, рекла Пак.

Клучот за решение за Босна и Херцеговина, како што оцени Пак, е рамноправност на сите три констутитивни народи.