Досега 24.120 јавувања на „Ало докторе“

На телефонската линија за медицински совет „Ало докторе“ од септемри па досега имало 24.120 јавувања.

Здравствен дом Скопје соопшти дека во изминатите седум дена за медицинска помош на линијата се јавиле 1.430 граѓани. Дваесет и двајца доктори се достапни за медицински совет, а јавувањата се од граѓани од сите градови на Македонија.

На сите оние лица кои се јавиле на телефонската линија „Ало докторе“ им е дадена соодветна медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија. Јавувањата најчесто се со широк спектар на најразлична симптоматологија, кардиовскуларни, респираторни симптоми, кашлица, настинки, покачена телесна температура, стомачен вирус и симптомна болка.

Во кол центарот „Ало докторе“ секој ден од 18 до 22 часот за медицински совет се дежурни и достапни директорите на јавните здравствени установи.

На линијата денеска од 18 до 22 часот дежурен ќе биде доктор Сашо Караѓозов од Клиниката за дигестивна хирургија, а утре д-р Соња Кузмановска од Институтот за клиничка биохемија. На 25 февруари во кол центарот „Ало докторе“ дежурен ќе биде доц.д-р Златко Темелковски од Клиниката за ортопедски болести, на 26 февруари Проф.д-р Ненад Јоксимовиќ, директор на Клиниката за гастроентерохепатологија, а на 27 февруари д-р Надица Митревска од Универзитетската клиника за радиологија.

На 28 февруари на телефонската линија 02/15123 од 18 часот до 22 часот дежурна ќе биде д-р Соња Тасевска-Васиќ, директорка на Здравствен дом Железничар, а на 1 март д-р Јасмина Чабуковска од Клиниката по хируршки болести „Св.Наум Охридски“ – Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.