Досега 24 мртви мигранти од бродоломот во Италија

Капетанот на потонатиот ферибот се соочува со смртна казна
И по продолжението на акцијата за спасување на мигрантите од бродоломот јужно од италијанскиот остров Лампедуса, не е пронајден ниеден преживеан, соопшти италијанската крајбрежна стража.

Службите потврдија дека пронајдени се 24 мртви и 28 преживеани до сега.

Како што информирал претходно денеска преживеан од Бангладеш, на бродот не биле 700 луѓе, туку 950, меѓу кои 50 деца и 200 жени. Тој денеска рече дека шверцверите ги заклучиле вратите од подолните нивоа на бродот кој тонел, во кои се наоѓале мигрантите.

– Она што е сигурно е дека има стотици жртви кои никогаш нема да бидат пронајдени, рече денеска портпаролката на Комесаријатот при ОН за бегалците во Италија, Карлота Сами.


Минатата година во Италија пристигнале повеќе 170.000 мигранти, а се очекува тој број оваа година да биде надминат.