четврток, 25 мај 2017  |  Вести денес: 22

Досега 320 лица од Крива Паланка и Ранковце се вработиле со „Македонија вработува“

Со проектот „Македонија вработува“ досега се вработиле триста и дваесет лица од општините Крива Паланка и Ранковце. Разновидните мерки од проектoт ги опфаќаат сите категории лица, активни баратели на работа.

makedonija vrabotuva

Последни вести

Со проектот „Македонија вработува“ досега се вработиле триста и дваесет лица од општините Крива Паланка и Ранковце. Разновидните мерки од проектoт ги  опфаќаат сите категории лица, активни баратели на работа.

Со „Македонија вработува“ досега се опфатени голем дел од младите лица од двете општини до 35 годишна возраст, но компаниите се заинтересирани и за мерките за ангажирање лица од 50 до 58 години. Има и лица од 35 до 50 години, но вработени се и највозрасните опфатени со проектот, лицата над 58 годишна возраст, изјави Грозде Ѓоргиевски, раководител на Центарот за вработување од Крива Паланка.

Инаку, проектот „Македонија вработува“ на Владата на РМ и АВРМ ќе трае заклучно со 15 април 2016.

Истакна дека во тек се десетина огласи од Оперативниот план на АВРМ за 2016 година со кои невработените лица можат да бидат вработени од страна на компаниите, со одредени поволности.

Во тек се огласите за обука кај познат работодавач со субвенционирано вработување, финанскиска поддршка за отворање приватни домови во вредност од 750.000 денари, со услов апликантот да вработи четири лица, финансиска поддршка за отворање приватни градини, во висина од 600.000 денари и други, отворени се и повиците за бесплатни обуки за напредни ИТ вештини за невработените лица и со ССС и со ВСС, бесплатни обуки за јазици и компјутери за лица до 29 години и други , истакна Ѓоргиевски.

Според него исклучително интересни се можностите за обуки за стари занаети, ковачи, лимари, оџачари, бочвари, самарџии и слично, како и обуките за задоволување на побарувани занимања на пазарот на труд како пекари,шивачи, заварувачи, гипс-мајстори, бравари, ѕидари, негователи на стари лица и многу други. Нагласи дека за сите тековни огласи и услови за аплицирање невработените лица можат да се информираат во центарот секој работен ден.

Најчитани вести