Досега издадени 92.758 потврди за азил

Од почетокот на законските измени на Законот за азил Министерството за внатрешни работи има издадено вкупно 92.758 потврди за азил на мигранти.

Изминатите 24 часа издадени се потврди за азил на вкупно 1.983 лица, од кои 1.241 се мажи, 324 се жени, 304 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 114 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија -1.142, Авганистан -392,  Ирак -342, додека другите се во помал број.

Во периодот од 19.06.2015 до 23.09.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 92.758 странски државјани, од кои, 61.732 се од машки пол, 12.608 се од женски, 15.460 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 2.958 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-72.484, потоа Авганистан-8.016, Ирак-5.246, Пакистан-2.583 Палестина-1.026, Сомалија-628, Бангладеж-597, Иран-435, Конго-361, Нигерија-221, Камерун-166,  Еритреја-163,  Етиопија-126, Судан-111, додека останатите се во помал број.

Во периодот од 08,00 часот на 22.09.2015 до 23.09.2015 година во 08,00 часот до Одделението  за азил не се поднесенибарања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 23.09.2015 година до Одделението  за азил се поднесени 49 барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 36 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 22.09.2015 година евидентирани се 4 баратели на азил, сите мажи. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита две лица, две малолетни  лице без придружба на старател и еден маж се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

Црвен крст мобилни тимови

21.09/ 17.00  – 22.09 /  17.00

Табановце

Укажана прва помош :293 лица

Вода :874 шишиња

Пакети со храна: 26 ( дополнително се делат сендвичи донација од Прокредит банка и чоколади за деца)

Ќебиња: 11

Пакети со хигиена: 8

Бисквити: 13 кутии

Транспорт до болница : 1 трудница

Асистирани лица : 1530

Гевгелија

Укажана прва помош:572 лица

Вода : 1652шишиња

Хигиенски пакети: 67

Пакети со храна : 53 ( дополнително се делат сендвичи донација од Прокредит банка)

ќебиња: 64

Бебешки пелени: 12

Млеко за бебиња: 30 кутии

Асистирани лица: 2780

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.