Досега издадени над 155.000 потврди за азил

Во последните 24 часа, издадени се потврди на вкупно 2.909 странски државјани, од кои, 1.595 се од машки пол, 482 се од женски, 638 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 194 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, соопшти МВР.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 1.648, Авганистан – 626, Ирак – 382, додека другите се во помал број.

Во периодот од 19 јуни до 8 часот денеска издадени се потврди на вкупно 155.739 странски државјани, од кои, 99.600 се од машки пол, 21.532 се од женски, 28.218 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 6.389 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 106.915, потоа Авганистан – 25.818, Ирак – 11.697, Пакистан – 3.729, Иран – 1.806, Палестина – 1.507, Сомалија – 824, Бангладеш – 828, Конго – 450, Нигерија – 244, Камерун – 218,  Еритреја – 204, додека останатите се во помал број.

Во периодот од 8 часот на вчера до 8 часот денеска во Одделението за азил не се поднесени  барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до денеска до Одделението  за азил се поднесени 70 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 51 барања се од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, потоа пет барања од државјани на Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за вчера евидентирани се 3 баратели на азил – мажи. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита 4 баратели на азил (малолетно лице без придружба на старател, малолетно лице со придружба на старател и двајца мажи) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.