Македонија

Досега издадени над 45.000 потврди за барање азил

Досега издадени над 45.000 потврди за барање азил
Досега издадени над 45.000 потврди за барање азил

Вкупно 45.538 мигранти од кои најмногу од Сирија досега имаат добиено потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање на правото на азил.

Од нив, 31.463 се мажи, 6.259 жени и 7.102 деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и 714 деца кои патуваат без родител. Најбројни се државјаните на Сирија – 37.008, потоа од Авганистан – 2.134, Ирак – 2.121, Пакистан – 1.389, Сомалија – 564, Палестина – 561, Бангладеж – 323, Конго – 305, Нигерија – 162, Камерун – 146 Еритреја – 142 и Етиопија – 109.

Во изминатите 24 часа, како што денеска информира Министерството за внатрешни работи, издадени се потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање на правото на азил на вкупно 776 мигранти од  кои 579 мажи, 92 жени, 82 деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 23 деца кои патуваат без родител.

Во изминатите 24 часа, издадени се потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање на правото на азил на вкупно 776 мигранти
Во изминатите 24 часа, издадени се потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање на правото на азил на вкупно 776 мигранти

Според државјанството, најбројни се државјаните на Сирија, односно 608, по што следуваат лицата од Пакистан (80), Ирак (52)…..

Од вчера до денеска до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадената потврда.

Досега поднесени 49 барања за азил

Досега поднесени 49 барања за азил
Досега поднесени 49 барања за азил

Од започнувањето на издавањето на потврдите до денеска до Одделението за азил се поднесени 49 барања при што 36 барања се од државјани на Сирија, три од државјани од Пакистан и Авганистан, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак и едно барање од државјанин на Египет.

Во Прифатниот центар за баратели на азил вчера се евидентирани вкупно 14 баратели на азил, од кои 9 се мажи, а еден од нив е повреден. Има и две жени од кои една е хоспитализирана поради бременост), како и три 3 малолетни лица и еден малолетник без придружба со повреда.

До 17 часот вчера од страна на екипите на Црвениот крст им е укажана лекарска помош на  162 лица од кои 77 на Табановце и 85 на Гевгелија меѓу кои 13 трудници.

Дистрибуирана е и хуманитарна помош од 930 шишиња вода, 320 пакети со храна, 61 индивидуални хигиенски пакети, 9 кебиња и 27 пакети за бебиња.