Досега издадени над 77.000 потврди на мигранти

Во периодот од 8 часот на 14.09.2015 до 15.09.2015 година во 8 часот, издадени се потврди на вкупно 1.870 странски државјани, од кои, 1.264  се од машки пол, 242  се од женски, 292 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 72 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.393,  Авганистан –212, Ирак-150, додека другите се во помал број.

Во периодот од 19.06.2015 до 15.09.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 77.674 странски државјани, од кои, 51.898 се од машки пол, 10.670 се од женски, 12.807 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 2.299 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-62.898, потоа Авганистан-5.099, Ирак-3.694, Пакистан-2.086 Палестина-901, Сомалија-592, Бангладеж-516, Конго-328, Иран-274, Нигерија-211, Камерун-163 Еритреја-154, Етиопија-118, Судан-108, додека останатите се во помал број.

Во периодот од 08,00 часот на 14.09.2015 до 15.09.2015 година во 08,00 часот до Одделението  за азил не се поднесени  барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 15.09.2015 година до Одделението  за азил се поднесени 49 барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 36 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 14.09.2015 година евидентирани се вкупно 5 баратели на азил, сите мажи. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита две лица, едно малолетно лице без придружба на старател и еден маж се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

Црвен крст мобилни тимови

13.09/ 17.00 pm – 14.09 /  17.00 pm

Табановце

Медицински интервенции:124

Вода :190 шишиња

Пакети со храна: 74

Ќебиња: 50

Пакети со хигиена: 42

Бебешки китови:5

Прва помош пакети: 9

Гевгелија

Медицински интервенции:423

Вода :1990 шишиња

Пакети со храна: 39 + 120 сендвичи +200 бисквити

ќебиња: 190

Бебешки пелени: 60

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.