Досега издадени потврди на 89.427 мигранти

На вкупно 2.120 мигранти им се издадени потврди за 24 часа од вчера во осум до денеска до осум часот. Од нив 1.445  се од машки пол, 224  се од женски, 354 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 97 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството најбројни се од Сирија 1.355,  Авганистан 387,  Ирак 298, додека другите се во помал број.

Досега вкупно се издадени потврди на 89.427 мигранти, од кои, 59.569 се од машки пол, 12.123 се од женски, 14.977 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 2.758 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се од Сирија 70.670, потоа Авганистан 7.165, Ирак 4.754, Пакистан  2.548, Палестина  948, Сомалија  626, Бангладеж 592, Иран 399, Конго 357, Нигерија 221, Камерун 165,  Еритреја 163,  Етиопија 126, Судан 111, додека останатите се во помал број.

За последните 24 часа до Одделението  за азил не се поднесени  барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, а вкупно досега се поднесени 49 барања  за признавање на право на азил.

Во Прифатниот центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 20.09.2015 година евидентирани се 5 баратели на азил, сите мажи. Дополнително, согласно Законот за азил и привремена заштита две лица, едно малолетно лице без придружба на старател и еден маж се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.