Досега издадени потврди за азил на 279.914 бегалци

Министертвото за внатрешни работи во текот на изминатите 24 часа издало потврди за остварување на правото на азил на вкупно 1.794 бегалци, од кои 905 се мажи, 322 се жени, 483 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 84 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата о текот на кои им се издадени потврди, соопшти денеска МВР, најбројни се државјаните на Авганистан 958, од Сирија 524 и од Ирак 312.

Во периодот од 19.06.2015 до 24.11.2015 година до 24:00 часот, издадени се потврди на вкупно 279.914 странски државјани, од кои, 162.835 се од машки пол, 43.389 се од женски, 58.717 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 14.973деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 168.996, потоа Авганистан 64.806, Ирак 24.679, од Иран 6.231, Пакистан 5.416, Палестина 2.158,Сомалија 1.276, Бангладеш 1.253, Мароко 1.311, Конго 514,  Либан 434,  Алжир 453, Нигерија 277, додека останатите се во помал број.

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 24.11.2015 до Одделението  за азил поднесени  сe четири барањаза признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил од три државјани на Авганистан со нив се и  шест  деца кои го придружуваат родителот и еден државјанин на Сирија со едно дете кое го придружува родителот .

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 24.11.2015 година до Секторот  за азил се поднесени 80 барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 53 барања се од државјани на Сирија, од нив 17 за деца, потоа 13 барања од државјани на Авганистан со нив се и  14  деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 24.11.2015 година евидентирани се вкупно шеснаесет баратели на азил од кои пет баратели на азил се мажи, две барателки на азил се жени, осум баратели на азил се малолетни лица со придружба на старател и еден барател на азил е малолетник без придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита,  десет баратели на азил ( две малолетни лица со придружба на старател, шест малолетни лица без придружба на старател и двајца мажи)  се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

Мобилните тимови на Црвениот крст на граничниот премин Табановце им укажале прва помош на 190 лица, додека кај Гевгелија на 530 лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.