Досега издадени потврди за азил на 348.017 мигранти

Министерството за внатрешни работи во текот на изминатите 24 часа издало потврди за брање азил на вкупно 2.806 мигранти, од кои 1.074 се од мажи, 584 се жени, 1.123 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и на уште 25 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.282,  Ирак-1.005 и Авганистан–519.

Во периодот од 19.06.2015 до 17.12.2015 година до 24:00 часот, издадени се потврди на вкупно 348.017 странски државјани, од кои, 192.602 се од машки пол, 57.264 се од женски, 80.180 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 17.971 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-198.349 потоа Авганистан-84.979, Ирак-43.248, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.317, Конго-514,  Алжир-453, Либан-434,  Нигерија-279, додека останатите се во помал број.

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 17.12.2015 до Секторот  за азил не е поднесено барање за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 17.12.2015 година до Секторот  за азил се поднесени 83 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 55 барања се од државјани на Сирија, со нив се и  23 деца кои го придружуваат родителот, потоа 13 барања од државјани на Авганистан со нив се и  14  деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан и Ирак , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина и  Алжир (четири се деца кои го придружуваат родителот) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 17.12.2015 година евидентирани се вкупно 20 баратели на азил од кои девет мажи, две жени, осум деца со придружба на старател и еден малолетник без придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, четири баратели на азил ( две малолетни лица без придружба на старател и два мажи) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.