Магазин

Досега необјавени фотографии на Бата Живојиновиќ

Досега необјавени фотографии на Бата Живојиновиќ

Обожавателите имаат можност да видат повеќе досега необјавени фотографии на култниот југословенски актер.

Досега необјавени фотографии на Бата Живојиновиќ
Досега необјавени фотографии на Бата Живојиновиќ

Велимир Бата Живоjиновиќ поради последиците од третиот мосочен удар во моментов се одмара во својот дом во Белград. За него се грижи сопругата Лула, а поранешната југословенска филмска ѕвезда се одмара на социјалните мрежи, каде се снаоѓа благодарение на најстарата внука Дина.

Бата се обидува преку Инстаграм со своите обожаватели да сподели досега необјавени фотографии што ја обележаа неговата 60 годишна актерска кариера.

Досега необјавени фотографии на Бата Живојиновиќ
Досега необјавени фотографии на Бата Живојиновиќ

Актерот ја замоли внуката да ја објави фотографијата од култниот филм „Валтер го брани Сарајево“, која предизвика големо воодушевување кај обожавателите.

Иако Бата не ги сакаше компјутерите и мобилните телефони, денес тие му овозможуваат вистинско уживање, па заедно со внуката поминува и по неколку часа дневно на социјалните мрежи.

Се допишува со пријателите и обожавателите. Голем број наши познаници прво неможеа да поверуваат дека тоа навистина е профилот на Бата на Инстаграм, вели сопругата Лула.

Досега необјавени фотографии на Бата Живојиновиќ
Досега необјавени фотографии на Бата Живојиновиќ

Освен досега невидените фотографии од снимањето на филмови, Бата објавува и други, од неговиот приватен живот. Така тој објави една фотографија на која тој е заедно со сопругата Лула, која е фотографирана на филмскиот фестивал во Кан во 1966-та година.

Досега необјавени фотографии на Бата Живојиновиќ
Досега необјавени фотографии на Бата Живојиновиќ

Живојиновиќ се присети и на средбата со покојниот колега Борис Бузанчиќ и со книжевникот Меша Селимовиќ.