Досега необјавени фотографии од Бин Ладен

Досега необјавени фотографии од водачот на терористичката група Ал Каеда се појавија на судењето за тероризам во САД, а фотографиите се направени во 1996 година во планинскиот регион Тора Бора во Авганистан. Тие го откриваат спартанскиот живот на Бин Ладен пред терористичките напади на 11 септември 2001 година.

На фотографиите се гледаат тунели и утврдувања направени во тешко достапниот регион на Авганистан.

Автор на фотографиите е Абдел Бари Атван, Палестински новинар кој е повикан на тајната локација за ширење на пропагандата на Бин Ладен.

Необјавените фотографии се појавија на судењето во Њујорк неколку блокови од местото каде што некогаш беа кулите на Светскиот трговски центар. Тие беа покажани за време на судењето на Калед Ал Фаваз кој бил портпарол на Бин Ладен во Лондон во средината на 90-тите.

Откако терористичкиот лидер бил приморан да го напушти Судан, тој стигнал во авганистанскиот град Јалалабад во 1996 година, а потоа направил утврдувања во близина на границата со Пакистан. Местото е одбрано бидејќи е тешко пристапно, па бил заштитен од копнен напад, а пештерите и тунелите го штителе од воздушни напади.

Атван се сретнал со Бин Ладен во пештера полна со книги со која сакал го нагласи својот статус на интелектуалец.

„Сакаше медиумско внимание за да стане меѓународна личност, а не само обичен Саудиец. Сакаше да го изрази својот бес врз Американците кои ја окупираа и сквернавеа Светата земја“ – изјави Атван.

o1-630x379

o3-630x378

o4-630x378

o5-630x379