Досега одбиени три приговори на БЕСА, како неосновани и без докази

Секој приговор кој не е навремено и уредно поднесен и не се однесува на изборна повреда ДИК треба да го отфрли на јавна седница. Односно приговори за процесот на гласање треба да се поднесат од 19 часот на денот на изборите и до полноќ приговори за сумирање на гласовите. Во спротивно приговорите треба да се отфрлат, стои во правилникот на ДИК.

Исто така ако забелешките не се внесени во записник, не треба да се земаат в предвид.

За сите членови на ДИК,  освен за членовите кои се од СДСМ, приговорите на БЕСА се неосновани, без докази и силни аргументи дека е нарушен избирачкиот процес.

Досега се одбиени три пријави на БЕСА.

Рокот до кога Комисијата треба да донесе одлука истекува денеска.