Македонија

Досега откупени над 70 илјади тони пченица

Досега откупени над 70 илјади тони пченица
Заврши жетвата на пченицата. Од ожнеаните скоро 81.000 хектари добиен е род повќе од 300.000 тони. Просечната откупните цена е 8,5 денари за килограм.

Од 80.000 хектари насеани со пченица родот годинава тежи 306.000 тони што претставува зголемување од скоро 60 проценти во споредба со ланската жетва.

Просечениот принос е 3.800 килограми на хектар, што е за скоро 45 отсто повеќе од лани.

Според обработените податоци, досега се откупени 70.200 тони со просечна откупна цена од 8,56 денари за килограм.

Цена на пченица на берзa во Нови Сад на почетокот на август беше пониска и изнесуваше 7,2 денари.

Земјоделците годинава се субвенционираат за складирање на пченицата во силоси со 80 проценти од трошоците за чувањето или најмногу до 60 денари по тон за еден месец, а се исплаќаат на секои 60 дена.