Досега пријавени 500 штети поради поплавите во скопскиот регион

 

Досега се поднесени околу 500 барања за отштета поради поплавите во скопскиот регион од 6. август, истакна вчера во Отвореното студио на Телевизија Нова директорот на Агенцијата за супервизија, Климе Поповски.

„Пријавени се околу 500 штети, од кои околу 450 за станбено осигурување, а 50 за возила“, рече Поповски.

Сепак, вели Поповски, за да може да се пријави штета за возило, тоа мора да има каско осигурување, затоа што задолжителната полиса за автоодговорност не покрива оштетувања од ваков вид.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.