сабота, 26 ноември 2016  |  Вести денес: 18

Досега субвенционирани 86 фирми управувани од жени

Според статистичките податоци, во Македонија се активни околу 20 илјади деловни субјекти во сопственост на најмалку една жена, кои вработуваат над 50 илјади лица.

kuci

Последни вести

Министерот за економија Дритон Кучи, по скорешното доделување на Решенијата за исплата по Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за неколку мерки, меѓу кои и за мерката финансиска поддршка за женско претприемништво, денеска го посети модното атеље на Мила Кадриу – „M-Кутур“, како една од субвенционираните фирми, со цел да се запознае за начинот на искористување на финансиската поддршка од Министерството за економија.

Оваа мерка, со која се субвенционираат претпријатијата во сопственост и управувани од жени, преку кофинансирање на 60 отсто од трошоците за набавка на опрема, уредување на деловен простор и грижа/чување на деца од предшколска возраст, но не повеќе од 120.000 денари по апликант, Министерството за економија ја реализира петта година по ред, а годинава беа предвидени средства во вкупен износ од 2.000.000 денари.

– По објавениот јавен повик пристигнаа 33 барања, кои беа разгледани од страна на Комисијата,  според принципот „прв дојден, прв услужен’, до исцрпување на средствата и притоа одобрени беа 23 барања, 13 беа одбиени поради неисполнување на условите од јавниот повик, а 3 барања не беа разгледани поради исцрпени средства. Значи, сите средства за оваа мерка се искористени, рече Кучи.

Дизајнерката Мила Кадриу изрази задоволство од добиената субвенција, објаснувајќи дека ваквиот тип на поддршка им помага на жените – претприемачи да воведуваат нови технологии во процесот на своето работење.

– Субвенциите добиени од Министерството за економија во ’М-Кутур’ ќе ги искористиме за замена на старите машини со нови, а тоа значи и развој на нови технологии во процесот на производство. Потребни се повеќе вакви проекти за поддршка за женското претприемништво, бидејќи поддршката од институциите е секогаш добредојдена за  да можеме да бидеме конкурентни и надвор од Македонија“, истакна Кадриу.

Министерот Кучи објасни дека за овие пет години со оваа мерка се субвенционирани вкупно 86 претпријатија во сопственост и управувани од жени, за што се потрошени 7 милиони денари, а оваа мерка е предвидена и за идната 2017 година.

Тој посочи дека ќе продолжат и напорите за вклучување и на донаторската заедница, со цел јакнење на оваа поддршка како од аспект на видот на подршката, така и од финасиски аспект со цел зголемување на буџетот за оваа намена.

Според статистичките податоци, во Македонија се активни околу 20 илјади деловни субјекти во сопственост на најмалку една жена, кои вработуваат над 50 илјади лица. Најголемиот дел од овие субјекти се во секторот Трговија на големо и мало (8.139) и преработувачката индустрија (1.835)

Најчитани вести