Македонија

Досега уплатени 3,7 милиони денари за настаданите од поплавите

Досега уплатени 3,7 милиони денари за настаданите од поплавите

Македонија деновиве организира неколку хуманитарни настани за настраданите во поплавите во Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска.

За хуманитарниот концерт, кој се одржа под мотото „Да се обединиме во хуманоста“ биле продадени 10.367 карти за кои се собрани 1.550.050 денари.

Од почетокот на хуманитарната акција и отворањето на телефонските линии граѓаните донирале 12.107.980 денари, а за време на хуманитарниот концерт биле собрани 547.300 денари, кои се реализирани од 5.473 јавувања.

Од театарските претстави, досега се собрани 233.787 денари, а на сметката на Црвениот крст досега се уплатени 3.7 милиони денари, a во текот на денот, ќе излезат и со нови информаии.

Владата на Република Македонија за Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска испрати финансиска помош од по 100 илјади евра.