Доселенички бум во Германија

Според студијата  на Организацијата за економска соработка и развој ОЕЦД, Германија е на второто место, по Америка, како најпосакувана  дестинација за преселба. Во 2012 година  во државата се преселиле  400.000 луѓе. Така Германија се најде и пред традиционалните и класични доселенички држави, како Канада или Австралија.

Германските медиуми пишуваат дека без претерување може да се зборува за доселенички бум во земјата.