Досиеја Михаел Шумахер: Шведска фирма под истрага

Шведска фирма за хеликоптери е во центарот на истрага за обид да продаде медицинско досие на поранешниот возач на Формула 1 Михаел Шумахер, пишува Би-Би-Си.

Шумахер, на 16 јуни беше пренесен од француска болница во болница во Швајцарија. Иако пренесен преку пат по земја, иницијалните контакти беа направени од една компанија за хеликоптери. Тој преживеа тешки повреди на главата во несреќа на скијање минатиот декември и излезе од кома. Менаџерот на Шумахер минатиот месец рече дека неговите досиеја очигледно биле украдени“ и биле понудени на продажба. Таа предупреди дека ќе бидат покренати обвиненија за криминал доколку вакви „доверливи докумнети“ бидат откупени и објавени.

Медицинските досиеја, за кои се зборува дека содржат неколку страници напишани од докторите во францускиот град Гренобл, очигледно биле понудени на медиумите низ Европа за 50.000 евра.

Сега француските и шведските медиуми велат дека надлежните од Гренобл нашле трага која водела до корисничка адреса на компјутер во шведска компанија за хеликоптери во Цирих, на којашто и биле испратени документите при транспортирањето на Шумахер од Франција во Швајцарија.

Шумахер се пензионираше од трките во 2012 година после 19 години кариера.

Истрагата за неговата несреќа која се случи на 29-ти декмври тврдеше дека удрил во камен додека скијал надвор од патеките. Неговото семјество претпочиташе да ја избегне потерата од страна на интернационалните медиуми.

Но, шведските медиуми јавија дека вчера неговата сопруга Корина позирала насмеана за фотографи во текот на викендот додека била на посета на ранчот кој и го подарил тој.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.