Досиејата откриваат поврзаност на Џек Руби со атентатот врз Кенеди

Џек Руби/© AP Photo

Џек Руби, кој го смртно го застрелал Ли Харви Освалд главниот осомничен за убиството на американскиот претседател Џон Фицџералд Кенеди, можеби однапред бил запознаен со заговорот за атентатот врз 35-от претседател на САД, потврдуваат документите објавени на веб страницата на Националниот архив.

Политикологот од Универзитетот Вирџинија, Лари Сабато, обрнува внимание на сведочењето на информаторот на Федералното биро за истраги (FBI), Боб Вандерслејк. Тој на иследниците им раскажал дека неколку часа пред убиството на Кенеди, Џек Руби го контактирал и му понудил да одат на претседателската парада „за да го видат огнометот“.

„Во моментот кога започнало пукањето, тој (информаторот) бил со Џек Руби: тие стоеле на аголот спроти Тексашката училишна библиотека. Веднаш по истрелите Руби заминал и се упатил кон зградата на Dallas Morning News”, се наведува во документот.

Според тврдењето на Вандерслејк, до пред атентатот над претседателот Кенеди, тој само површно се познавал со Џек Руби.

Овие сведоштва информаторот ги кажал за истрагата дури 14 години по убиството на Кенеди, во април 1977 година.

Џон Фицџералд Кенеди е убиен во Далас, во сојузната држава Тексас, на 22-ри ноември 1963 година. Според официјалната верзија, единствен сторител бил поранешниот маринец Ли Харви Освалд. Два дена подоцна Освалд е застрелан во главната полициска станица во Далас од Џек Руби, кого во тој момент го изведувале од зградата за да го префрлат во федерален затвор. Руби изјавил дека пукал во Освалд поради тоа што бил многу вознемирен од убиството на Кенеди, но теоретичарите на заговорот за убиството на американскиот претседател постојано го поставуваат прашањето од каде се нашло оружје во полициската станица кај човек кој бил познат по поврзаност со мафијата.

Претходно Националниот архив на САД објави уште еден дел од речиси 11.000 документи поврзани со убиството на Кенеди. Сегашното објавување е петто по ред. Вкупно досега се објавени повеќе од 20.500 материјали за еден од најконтроверзните настани од поновата американска историја.

Овие објавувања се во согласност со законот донесен од Конгресот во 1992 година со кој се бара сите документи поврзани со претседателот Кенеди да бидат објавени следните 25 години. Архивот веќе објави 3.810 досиеја на 24-ти јули, и уште 12.891 досие на 26-октомври.

Претседателот Доналд Трамп им даде на Централната разузнавачка агенција (CIA) и на Федералното биро за истраги (FBI) рок од шест месеци, до 26-ти април 2018 година да го оправдаат необјавувањето на преостанатите документи. Од двете агенции претходно објавија дека станува збор за околу 600 досиеја коишто се однесуваат на националната безбедност и сега, како и дека содржат податоци за личности кои сѐ уште се живи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.