Доставен списокот со новите заменици министри, дури шест нови лица

Премиерот Никола Груевски денеска го достави списокот со замениците-министри во Собранието.

Нови заменички имиња ќе има во шест ресори и тоа Зоран Петров си оди од надворешни работи, на негово место доаѓа Драгана Кипријановска, досегашниот министер за образование Спиро Ристовски ќе му го чува грбот на Абдулаќим Адеми во образование, во одбрана нов заменик министер е екс пратеникот на ДУИ Арбен Лабуништа.

Во Транспорт и врски – Ниметула Хаљими, во локална самоуправа Љупчо Пренџов од ГРОМ, во министерството за земјоделство ќе седне Ванчо Костадиновски.

Во останатите ресори останувата старите решенија.

Во Министерството за внатрешни работи останува Земри Ќамили, во правда Билјана Бошковска – Бричковска, во економија Христијан Делев, во финансии Ардиан Џеладини , во здравство Јовица Андоновски, во труд и социјала Ибрахим Ибрахими, во информатика Марта Арсовска Томовска, а во животна средина Стево Темелковски.

Според најавите од собрансикиот спикер Велјановски се очекува седницата на која ќе се избираат замениците да се оддржи во четврток.