Доставена хуманитарна помош во неколку отсечени села во штипско

По обилните врнежи во Штип, беа отсечени селата Пухче, Суво Грло и Степанци. Со цел да се помогне на жителите од овие населени места и да се снабдат со потребните прехранбени производи и лекови „Црвениот крст“ во соработка со Центарот за управување со кризи , Општина Штип и Армијата на Република Македонија вчера доставија хуманитарна помош во овие села.

pomosssssssss11 (1)

АРМ обезбеди теренско возило, кое ги достави потребните работи до наведените населени места и тоа, за жителите на с. Пухче беа обезбедени пакети за 6 семејства ,за жителите на  с. Суво Грло беа обезбедени пакети за 5 семејства како и за жителите на с. Степанци беа обезбедени 3 пакети.