Доставување на архивски материјал до Државниот архив до денеска

Денеска истекува рокот кога државните институции треба до Државниот архив да достават попис и описот на архивскиот материјал. Евиденциите што се однесуваат на тековната година кога е создаден архивскиот материјал, се изготвуваат по изминување на годината.

Целокупниот архивски материјал што се создава и чува кај имателот се евидентира на единствен начин (попис и опис). Евидентирањето  се  врши  по  одбирањето  на  архивскиот  од  документарниот материјал. Евидентирањето на архивскиот материјал го врши комисија составена од службени лица кај имателот.

Според последните измени на Законот за архивски материјал, односно Упатството за начинот и техниката на постапување со документарниот и архивски материјал во канцелариското и архивското работење, сите правни субјекти се обврзани од 1 јануари 2015 година да водат Деловодник во кој ќе ги запишуваат сите документи кои влегле и излегле во фирмата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.