Промоција на „Творечки дострели во македонски дух“ на Стефан Влахов-Мицов во Матица

Во милтимедијалниот културен центар „Матица екслузив“ во Паркот на Книгите, денес во 19 часот ќе се одржи свеченост  по повод 60-иот роденден на проф. д-р Стефан Влахов-Мицов.

Во оваа пригода ќе биде промовирано неговото најново дело „Творечки дострели во македонски дух“, објавено во рамките на јубилејната програма на „Матица македонска“ од Скопје по повод 25 годишнината од основањето на оваа издавачка куќа. За делото на познатиот научник, книжевник и публицист беседа ќе одржи проф.д-р Весна Мојсова Чепишевска.

Stefan Mlahov Micov - Korica ...

Стефан Влахов Мицов е автор на дваесет книги од областа на филозофијата, историјата, книжевната критика и есеистика. На македонски јазик ги објавил книгите: „Филозофскиот клуч за македонскиот идентитет“, „Вируси за поматени мозоци“, „Хероите и потомците“, „Македонската еманципација на Балканот“, „Држава како се гради и брани“, „Филозофија на балканскиот пекол“ и „Балканска психологија- државници и марионети“.

Во 2006 година беше добитник на почесното Рациново признание,а во 2011 година ја доби меѓународната награда „Духовен воин“ на Македонските духовни конаци.