Дожд, снег и пад на температурите

Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет и услови за магла наутро по котлините ќе продолжи во наредниот период. Пообилни врнежи и пад на температурата се очекуваат во среда и четврток, кога на планините врнежите ќе преминат во снег.

Утре и задутре врнежи ќе има во планинските региони и кои ќе бидат со локален карактер, а кон југ можна е и појава на грмежи. Ќе продолжи да дува јужен ветер кој утре краткотрајно ќе засилува, а во понеделник особено вдолж Повардарието ќе е засилен.

Максималните температури ќе достигнат утре до 18, задутре и во вторник до седумнаесет, а од
средба паѓаат за неколку степени и ќе се движат меѓу 12 и 14 степени

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.