Дождот ги поплави собите во студентските домови (ВИДЕО и ФОТО)

Студентите сместени во студентските домови изминативе месеци се соочуваат со голгота, откако Владата на Зоран Заев ги скрати средствата од Буџетот наменети за студентските домови, ги остави студентите без еден оброк за истите пари, а во домовите снемуваше и вода, проблемите продолжуваат.

Студенти од „Стив Наумов“ во понеделникот се обратија до редакцијата на Курир дека во моментов живеат во многу лоши услови. Од денешниот дожд се поплавени дел од собите, по ѕидовите капе вода и студентите се принудени да ги отстранат своите работи, барем оние кои се уште не се оштетени.

„Ве известуваме дека во студентскиот дом ‘Стив Наумов’, зграда 3 на четврти спрат капе од дождот во сите соби. Вака е по секој дожд, а надлежните не сакаат да превземат ништо’, реагираат студентите од домот.

Во моментов во собите имаат ставено кофи за водата да капе во нив за да не им се поплават собите заедно со личните работи во нив. Помош побарале од надлежните во домот, но не добиле.

Премиерот Зоран Заев и министерката Рената Дескоска минативе месеци покажаа целосна негрижа за студентите. Беа укинати дисперзираните студии, студентите беа оставени без доручек кој е укинат во студентските домови. Најавените реконструкции и доградби нема да се случат бидејќи владата на СДСМ укина огромна сума на пари од Буџетот наменет за студентските домови.

Студентите не заслужуваат ваков третман и некој мора веднаш да реагира. Најголем дел од нив нема каде да отидат да преспијат, па единствен избор им се овие соби, поплавени од денешниот дожд.

 

https://www.youtube.com/watch?v=k8RpFyasrJs