Дождот продолжува, следуваат минусни температури

Променливото облачно време со повремени врнежи од дожд продолжува и во наредните денови.

Во недела претпладне ќе има врнежи кои ќе се поинтензивни на западот и ќе завршуваат попладне. Од понеделник ќе преовладува посвежо време со северен ветер, а на планините краткотрајно ќе има провејување на слаб снег.

Утринските температури ќе се во опаѓање и веќе од средината на неделата наутро температурите ќе бидат под нулата.