Поплавите открија масовна гробница во БиХ

Обилните врнежи открија досега непозната масовна гробница од војната близу Добој.

Босанските медиуми соопштија дека гробницата на брегот на реката Босна случајно ја откриле електроинжинери, кои ја поправале електричната инсталација во близина на стариот мост во Добој, североисточна Босна.

Се претпоставува дека во гробот се погребани босански муслимани од селото Јабланица, близу градот Маглај. Овие лица се сметаа за исчезнати откако силите на босанските Срби го преземаа селото во текот на летото во 1992 година.