понеделник, 5 декември 2016  |  Вести денес: 77

Дождовите предизвикаа поплави на Балканот

Обилните дождови што денеска го зафатија Балканот предизвикаа излевање на повеќе реки, поплави и прекин во електроснабдувањето во одделни реони.

балканот

Поврзани вести

Српската државна телевизија РТС јави дека поради надојдената вода во прекин е сообраќајот на неколку регионални патни правци во југозападна Србија, а десетици граѓани биле принудени да ги напуштат своите домови кои се под вода.

Лизгање на земјиштето предизвикало и прекини во сообраќајот во реонот на Копаоник.

Дводневните обилни дождови предизвикаа поплави и во северниот дел на Црна Гора, во близина на границата со Србија. Поради поплавите на жителите на Беране им е препорачано да не ја пијат водата од чешмите.

Најмалку две лица загинаа во поплавите во Албанија, каде поројните дождови предизвикаа и оштетувања на повеќе патишта.

Во спасувачките акции е ангажирана војската и специјални спасувачки екипи.

Автопатот Тирана-Драч, како и неколку други патни правци се блокирани. Многу села се без пристап поради оштетувања на локалните патишта.

До 12 часот, количеството врнежи изнесувало 100 милиметри на квадратен метар. Според прогнозите, тие ќе продолжат и утре.

Најчитани вести