четврток, 30 март 2017  |  Вести денес: 0

„Дождовна поезија“ на улиците во Бостон

поезија

Последни вести

Поезијата не е замрена, туку само од листовите хартија се пренесе на урбаните мурали, графити и тротоари. Благодарение на имагинативна иницијатива на градот Бостон и организацијата „Мас поетри“ скриени песни на бостонските уметници можат да се видат на тротоарите после дождот. Бидејќи лирска атмосера често и настанува со мирисот и звукот на дождот, проектот на вистински начин ќе ја врати поезијата во овој град, објави РТС.

Уметниците на Бостон ги „објавија“ минатиот месец своите песни на градските тротоари, пишувајќи со посебни, биоразградливи спрејови, чии траги се гледаат само после дождот. Бојата се суши и станува невидлива веднаш по нанесувањето на површината, но во допир со влага повторно станува видлива. Управата на градот и непрофитната ороганизација „Мас поетри“ на овој начин сакаат да го поддржат проектот за „јавна уметност“.

Во креативната акција учествуваат локални поети, но и студенти од Лесли Универзитотот за уметност и дизајн. Преку стиховите кои посебно визуелно се уобличени, уметноста спонатано се „доаѓа“ во животот на луѓето и ја менува секојдневната рутина.

Даниела Легрос Џорџс, професорка на Лесли Универзитетот и лауреат на бостонската програма за поезија, смета дека ваквите потфати го унапредуваат образованието и промовираат писменост на убав и поетичен начин. Таа како овогодишен лауреат е задолжена за промоција и поддршка на поезијата во Бостон и одговорна за проектот „дождовна поезија“.

Нејзина идеа е прво да се украсат централните градски тротоари, а потоа и оние од периферијата. Проектот го „отворија“ со стиховите на познати локални уметници кои зборуваат за дождот, но Даниела рече дека следните песни ќе бидат тематски различни и наменети за сите.

Ваквите атипични и креативни проекти ги инспирираат луѓето, го будат нивното интересирање за уметност и секако се остварливи и посакувани во секој град.

Најчитани вести