Дожд до крајот на оваа работна недела, за викендот сончево и потопло

Метеоролозите за до крајот на оваа работна недела најавуваат врнежливо време, додека за време на викендот се очекува повеќе сонце и пораст на температурите.

Утре се очекуваат пообилни врнежи од дожд, особено во попладневните часови, кога ќе има услови за локална нестабилност во вид на пороен дожд и грмежи, а ќе дува умерен до засилен јужен ветер.

Температурата во текот на утрешниот ден ќе се движи од  пет степени во Маврово до 17 во Гевгелија. Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со максимална дневна температура до 14-от степен.

Во петок ќе има врнежи од дожд, но со послаб интензитет а дневните температури ќе се движат во интервал од 11 до 17 степени.

За време на првиот ден од викендот времето ќе биде сончево со температура до 20- степен, а такво време ќе се задржи и во недела, а максималната дневна ќе биде околу 18-от степен.