Дожд до сабота, од недела затоплување

Утре ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а снег ќе врне на повисоките планини. На места врнежите ќе бидат пообилни, особено во северените делови. Врнежите ќе продолжат и во сабота претпладне, а потоа до понеделник ќе преовладува стабилно и потопло време.

Врнежите од дожд ќе допринесат за нормален развој на есенските посеви и другите земјоделски култури. Облачното време придонесува за позитивни утрински температури што е особено важно за овоштарството и лозарството. Ваквите временски услови не му годат на пчеларството, и со ниските температури и со врнежите кои ги оневозможуваат пчелите да излетаат и да донесат храна која е потребна во овој период.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.